Вие имате прво да ја знаете вистината

Најава за големи протести во Србија и блокада на повеќе од 50 локации

Денеска на повеќе од 50 локации низ Србија ќе се организира протест против законот за референдум, чие потпишување го најави претседателот на оваа држава Александар Вучиќ.

Блокадите беа објавени претходниот ден, а на листата беше објавена од страна на еколошкото востание.

Акциите на блокадата ги најавија повеќе еколошки здруженија, а ги предводат организациите „Оди на промени“ и „Еколошко востание“. Претходната акција на блокирање на сообраќајот низ државата предизвика сериозни турбуленции во јавноста, а имаше и физички пресметки.

Сообраќајната блокада најавена за денеска ќе трае подолго од еден час.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!