Вие имате прво да ја знаете вистината

Научниците открија нови детали за новиот вид на Ковид-19 – Омикрон

Од новиот вид на Ковид-19 вирусот, Омикрон, постои трикратно поголем ризик од повторна инфекција отколку што е моментално случајот со моментално доминантниот вид Делта и Бета видот на вирусот, соопштија група јужноафрикански здравствени власти.

Јужноафриканскиот центар за епидемиолошко моделирање и анализа, заедно со Националниот институт за заразни болести, соопштија дека најновите наоди обезбедуваат епидемиолошки докази за способноста на Омикрон да го избегне имунитетот стекнат од претходни инфекции.

Нивното соопштение беше објавено откако група јужноафрикански здравствени организации објавија прелиминарна верзија на трудот, која беше претставена на научната јавност, која треба да го анализира и одобри пред да биде објавен во научно списание.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!