Вие имате прво да ја знаете вистината

Нилски коњи заразени со корона: Прв случај на ковид кај овие животни, никој во зоолошката градина не знае како се заразиле

Два нилски коњи во зоолошка градина во Белгија се позитивни на Ковид-19 и се во изолација, соопштија денеска од зоолошката градина, од каде велат дека ова е првпат вирусот да се појави кај тој вид животни.

Белгиската национална ветеринарна лабораторија потврди дека во зоолошката градина во Антверпен, 14-годишниот нилски коњ Имани и 41-годишниот Хермиен се заразиле со ковид-19.

Не е јасно како се заразиле. Тие се чуствувале добро, освен што носот многу им течел.

Чуварите во зоолошката градина ги зајакнаа ограничувањата поради корона вирусот .

„Колку што знам, ова е првпат да се забележи инфекција кај овој вид. Во светот овој вирус најмногу е забележан кај големите мајмуни и дивите мачки“, изјави Френсис Веркамен од зоолошката градина.

Сите животни во зоолошката градина беа тестирани за Ковид 19 минатата година и не беше пронајден случај на инфекција. Веркамен рече дека носот на нилските коњи е нормално влажен, но дека одлучил да ги тестира како мерка на претпазливост и дека е изненаден од резултатот.

Просторот каде што се нилските коњи е затворен за посетители и ќе биде повторно отворен кога животните ќе излезат од карантин.

Чуварите на нилските коњи се негативни на вирусот и мора да носат маски и заштитни очила, да ги дезинфицираат чевлите, пред да се приближат до животните.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!