Вие имате прво да ја знаете вистината

Нови детали за масакарот во Мичиген: Конечно уапсени родителите на убиецот

Родителите на 15-годишниот тинејџер, кој застрела четворица ученици во средното училиште Оксфорд во Мичиген, се уапсени рано утринава во Детроит.

Џејмс и Џенифер Крамбли беа пронајдени по анонимна дојава од некој што го видел нивниот автомобил, невооружени се прикрадиле во подрумско складиште.

Американската полиција претходно понуди награда од 10.000 долари за информација што ќе доведе до апсење на родителите на тинејџерот Итан Крамбли. Против неговите родители вчера беше поднесено обвинение за убиство од небрежност и за игнорирање на загрижувачките пораки на социјалните мрежи на нивниот син .

Адвокатот на Крамбли претходно за Би-Би-Си изјави дека парот го напуштил градот уште ноќта на убиствата „за своја безбедност“ и дека не бегале од полицијата.

Полицијата соопшти дека подигнале 4.000 долари од банкомат во Рочестер Хилс, на периферијата на Детроит, по што ги исклучиле мобилните телефони.

Нивниот син Итан бил со својот татко кога го купил пиштолот на 26 ноември, а после тоа објавил фотографии од пиштолот на социјалните мрежи, пишувајќи: „Само што го добив мојот нов убавец“.

И неговата мајка на интернет напишала дека со синот тестира ново оружје.

Регионалниот обвинител, Карен Мекдоналд рече дека убиството од небрежност е „најсилното можно обвинение против родителите на осомничениот“.

  • Целта на овие обвинувања е да се повикаат на одговорност поединците кои придонеле за оваа трагедија и да се испрати порака дека и сопствениците на оружјето сносат одредени одговорности. Доколку не се однесуваат така, има сериозни криминални последици – изјави таа.

Тинејџерот Итан Крамбли во вторникот со пиштолот на својот татко уби четворица ученици и рани седум лица.

Нему ќе му се суди како возрасен по една точка за тероризам, четири за убиство од прв степен, седум точки за напад со намера да убие и 11 точки за поседување огнено оружје.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!