Вие имате прво да ја знаете вистината

Омикрон пристигна во 38 земји, СЗО нема информации за смртните случаи на новиот сој

Новиот вид на коронавирус – омикрон е идентификуван во 38 земји ширум светот, но досега не е забележан смртен случај, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

„Немам информации за смртните случаи поврзани со омикрон“, рече на прес-конференција Кристијан Линдмајер, портпарол на СЗО, со седиште во Женева.

Марија Ван Керхове, технички шеф на СЗО за ковид-19, рече дека омикрон е регистриран во 38 земји.

СЗО изјави дека потребни се неколку недели за да се добие попрецизна слика за потенцијалното влијание на омикронот, за да се одреди степенот на заразност, јачината на вакцините, како функционираат тестовите и третманите.

„Прелиминарните податоци се чини дека укажуваат на поголема зараза, и тоа е главно сè што знаеме засега“, рече Линдмајер.

Директорот на СЗО за вонредни работи Мајкл Рајан рече дека организацијата ќе ги пронајде одговорите што му се потребни на светот.

„Сега треба да имаме доверба во науката, да бидеме трпеливи и да не се плашиме. А засега не е неопходно да се менуваат вакцините што ги користиме“, рече Рајан и ги повика луѓето да се вакцинираат.

Tој додаде дека сега се прави се што може за да се види како постоечките вакцини би можеле да се променат доколку треба да се променат.

Новиот вид на вирусот, кој СЗО го опиша како загрижувачки, првпат беше пријавен во Јужна Африка на 24 ноември. Иако првите инфекции надвор од Јужна Африка беа главно поврзани со луѓе кои патувале во регионот, првите случаи на локално пренесување се случија во Соединетите држави и Австралија.

СЗО процени дека е „голема“ веројатноста омикронот да се прошири на глобално ниво.

Портпаролот на СЗО потсети дека денес најголем број случаи на Ковид-19 се предизвикани од видот делта.

„Ограничувањата воведени во многу земји пред само две недели, беа воведени поради зголемениот број случаи поврзани со делта сојот, не треба да го заборавиме тоа“, рече портпаролот на СЗО.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!