Вие имате прво да ја знаете вистината

Пад на жичара во Италија: Еве што се случило со момчето кое ја преживеа морничавата трагедија

Шестгодишното момче, Итан Биран, беше вратено во Италија по жестока расправија околу старателството.

Неговите родители, брат и прабаба и дедо се меѓу 14-те загинати во несреќата во мај. Неговата тетка по татко, која живее во Италија, потоа доби старателство од италијанските судови.

Но, во септември, Итан беше одведен во Израел од неговиот дедо по мајка, Шмулик Пелег, без дозвола на тетката, јавува Би-Би-Си.

Пелег инсистираше на тоа дека неговите постапки се во согласност со законот и се во најдобар интерес на момчето, но италијанските обвинители отворија истрага за киднапирањето, барајќи момчето да биде вратено.

Израелскиот суд се согласи Итан да биде вратен во Италија, но трансферот беше одложен откако неговото семејство поднесе жалба до Врховниот суд.

Судиите ја одбија жалбата минатиот месец. Семејството Пелег соопшти дека ќе продолжи да се бори „на секој легален начин“ за враќање на детето во Израел.

Битката сега ќе продолжи пред италијанските судови, но се уште не е јасно какви правни опции се достапни.

Итан живеел во Италија, каде што во несреќата загинаа неговиот брат Том, неговите родители Амит Биран и Тал Пелег, прабабите и дедовците и уште девет други.

Откако момчето беше пуштено од болница во јуни, италијански судија ѝ додели старателство на неговата тетка по татко, Аја Биран-Нирко, докторка родена во Израел, која живее во италијанскиот град Павија.

На 13 септември, Пелег, дедото по мајка на Итан, кој имал право да го посети, го извадил Итан на еден ден, но отпатувал со автомобил заедно со Итан до швајцарскиот град Лугано, а потоа летале заедно во Тел Авив со приватен авион, користејќи го израелскиот пасош на момчето.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!