Вие имате прво да ја знаете вистината

Падна договорот! Одреден е датум за видео-конференцијата на Путин и Бајден, познати се и темите на разговор

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин, изјави дека видео-разговорот со американскиот претседател Џо Бајден ќе се одржи по патувањето на рускиот лидер во Индија, планирано за следната недела.

Јуриј Ушаков не прецизираше кога точно ќе се одржи видео-повикот помеѓу двајцата претседатели, велејќи дека сè уште се работи на последните детали за разговорите.

Состанокот ќе се одржи за неколку дена. Веќе имаме конкретен датум и време за видеоконференцијата. Но, подобро е да се почека сите подготовки да бидат целосно договорени со американската страна. Тогаш ќе имаме можност да излеземе со официјално соопштение, изјави Ушаков.

Тој кажа дека двајцата лидери ќе разговараат за напредокот во спроведувањето на договорите кои двајцата ги постигнаа во Женева во јуни, за „незадоволителните“ билатерални врски, „Авганистан, Иран, Либија, кризата во Украина и дијалогот за стратешка стабилност

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!