Вие имате прво да ја знаете вистината

Девојката на српската премиерка, блеска на насловната страна на престижен светски магазин: Погледнете како изгледа Милица Ѓурѓиќ (фото)

Секое појавување на партнерката на премиерката на соседна Србија, Ана Брнабиќ, Милица Ѓурѓиќ привлекува големо внимание во јавноста.

Сега Ѓурѓиќ се појави на насловната страница на престижниот светски магазин L’Officiel Arabia, а како што се наведува, дала интервју во Дубаи во кое проговорила за тоа како ја промовира српската култура и уметност.

https://www.instagram.com/p/CW-YJx1PcYB/?utm_source=ig_web_copy_link

Инаку, Милица Ѓурѓиќ е докторка која има завршено Медицински Факултет во Белград, со сите десетки. Иако нивната врска од почетокот не беше тајна за роднините и пријателите, на почетокот на мандатот на Ана Брнабиќ тие ретко се појавуваа заедно на јавни места, но подоцна тоа се промени.

Во интервју за британски Гардијан во 2017 година, премиерката на Србија изјави дека во раните дваесетти години живеела во странство, најмногу во Лондон, пред да се врати во Србија во 2001 година за, како што таа изјави, да биде тетка на децата на нејзината сестра и да ја земе грижата за неа. Но, таа додаде дека отсекогаш била заинтересирана за политика.

Неодамна, за време на посетата на холивудскиот актер Џони Деп во Белград, беше организиран гала настан поради неговата посета на Србија.

Меѓу првите, српската премиерка Ана Брнабиќ пристигна на вечера со Џони Деп, придружувана од нејзината партнерка Милица Ѓурчиќ.

Милица ги воодушеви сите присутни со својот стајлинг. Имено, таа се појави во црн фустан под колената, а на нозете имаше црно-бели потпетици кои го надополнуваа стајлингот, а во тоа се вклопи и костимот на премиерката.

Кога се ракуваше со Ана и Милица, холивудскиот актер не го криеше својот ентузијазам.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!