Вие имате прво да ја знаете вистината

По ова видео повеќе нема да фрлате пари за новогодишни декорации: Како во неколку чекори да ги направете вашите идеални украси (видео)

Не мора да трошите пари на скапи украси за Нова година, туку направете ги најубавите новогодишни аранжмани од работите што веќе ги имате во куќата.

Од алуминиумска фолија можете да направите сребрен декор кој одлично ќе се вклопи на празнична маса или на полица во вашиот дом!

Потребна ви е поцврста хартија која треба да ја свиткате во форма на фишек или корнет, а потоа да го завиткате со алуминиумска фолија. Направете три такви украси, а дополнителни украси се топчиња кои лесно можете да ги направите од фолија.

Од фолијата можете да направите повеќе детали, како на видеото, а ако ви изгледа монотоно, украсете го декорот со мониста, украси за елка или цвеќиња.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!