Вие имате прво да ја знаете вистината

Погледнете го моментот кога Ѓоковиќ ги загуби нервите против Хрватска: Овој спорт е сурово натпреварување (видео)

Хрватска е во финалето на Дејвис купот. Со победата од 2:1 над ривалот Србија во полуфиналето, Хрватска се пласираше во четвртото финале од осамостојувањето. Овој дуел преставуваше вистинско уживање за фановите на тенисто, Хрватска која беше во состав со Никола Мектиќ и Мате Павиќ ја победи Србија која го имаше најдобриот тенисер во својот состав, Новак Ѓоковиќ кој беше во комбинација со Филип Краиновиќ.

Ѓоковиќ целосно ги загуби нервите во еден момент од вториот сет, при резултат 7:5 и 2:1 за Хрватска. Мектиќ и Павиќ потоа направија брејк, а најдобриот светски тенисер во поединечна конкуренција не издржа најдобро.

Ѓоковиќ отишол до својата клупа, каде што седел тренерот Виктор Троицки, а потоа со опрема си ја шутнал чантата. Сето тоа одлетало до оградата на теренот, а камерата го фати дури и капитенот на хрватската фудбалска репрезентација Лука Модриќ, кој беше помеѓу гледачите. Модиќ низ смеа ја следеше ситуацијата.

Ѓоковиќ не се смири ниту откако отиде да подигне се што успеа да испадне од торбата, а и во продолжението на дуелот работите не одеа како што треба за него и Србија, откако Хрватска стигна до финалето со конечен резлутат 7:5 и 6:1. ќе игра во финалето во недела, против победникот од полуфиналето меѓу Германија и репрезентацијата на Руската тениска федерација.

По натпреварот Ѓоковиќ даде изјава за медиумите:

Крај на сезоната. Не жалам за ниту еден од турнирите што ги одиграв по август, не жалам за ништо во мојот живот. Секогаш давам се од себе. Денеска една победа не беше доволна. Сурово… oва е сурово натпреварување. Добивме шанса да ја поминеме групната фаза како најдобар вицешампион, а денеска загубивме. Тоа е спортот, изјави видно разочаран Ѓоковиќ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!