Поранешниот европски и светски шампион во кану почина на 24-годишна возраст како последица на Ковид-19
Еден од најдобрите кануисти во светот, Борислав Бизу, почина денеска на 24-годишна возраст од последиците на коронавирусот.
Кон средината на минатиот месец, поточно на 13 ноември, Бизу доби позитивен тест на коронавирус и беше примен во болница во Одеса, а неговата состојба се влоши за време на лекувањето кога доби и сепса.
Украинецот почна да се натпреварува во 2008 година, а само две години подоцна стана јуниорски шампион на својата земја, а потоа во 2014 година и шампион на Европа.
Од шампионатот освои уште две злата, еден сребрен и шест бронзени медали во јуниорска конкуренција, а во 2016 година дебитираше во сениорска конкуренција.
За жал, набрзо беше принуден да ја заврши кариерата бидејќи му беше дијагностициран автоимун лупус и тој ја продолжи својата кариера како тренер.