Вие имате прво да ја знаете вистината

Путин го постави „Бастион“ на Курилските острови: Пристигнаа со десантни бродови и војска

Русија го постави својот крајбрежен противракетен систем „Бастион“ во оддалечен дел од Курилските острови во Тихиот Океан во близина на Јапонија, соопшти руската Пацифичка флота. Како што беше најавено, Русија со големи десантни бродови доставила опрема и персонал на оддалечениот остров Матуа во централниот дел на овој островски синџир.

  • Тимовите за крајбрежна ракетна одбрана на Пацифичката флота Бастион се распоредени на островот Матуа за прв пат и се во борбена готовност. Ракетниот персонал на Тихоокеанската флота деноноќно ќе чува стража на овој оддалечен остров во централниот дел на Курилскиот гребен со цел да ги контролира соседните води и мориња – се наведува во соопштението на руската армија, пренесува ТАС С.

Јапонија тврди дека јужните Курилски острови кои се под руска контрола (Токио ги нарекува Северни територии), им припаѓаат нив, а двете земји се во спор од крајот на Втората светска војна, што ги спречува да потпишат формален мировен договор.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!