Вие имате прво да ја знаете вистината

Сојуз од ден на ден се повеќе се зајакнува! Путин во понеделник патува во Индија на средба со премиерот на државата, најавени многу договори

Рускиот претседател, Владимир Путин на 6 декември ќе престојува во официјална посета на Индија, каде ќе се сретне со премиерот на таа земја, Нарендра Моди. Се очекува да бидат потпишани билатерални договори во повеќе сфери, изјави рускиот амбасадор во Индија, Николај Кудашев.

Како што истакна, и покрај одредена загриженост во врска со појавата на новиот вид на Ковид-19 вирусот, Омикрон, средбата ќе биде реализирана како еднодневна посета.

Тоа ќе биде голем политички настан кој е особено неопходен во овој момент кога растат барањата за развој на билатералните односи и формирање простор за соработка во Евроазија. По самитот може да очекуваме опсежна заедничка политичка изјава. На него се работи, тоа ќе биде документ од големо значење кој ќе ги опфати речиси сите аспекти на билатералните односи на нашата меѓународна соработка – од агендата на ОН, реформирање на таа организација до решавање на регионалните кризи и унапредување во билатералната сфера – изјави рускиот амбасадор во Њу Делхи.

Тој додаде дека документот ќе ги поправи традиционалните вредности на билатералните односи помеѓу Москва и Њу Делхи. Покрај изјавата, се очекува да се постигнат договори во различни области.

Може да се очекуваат договори во областите како што се транспортот, науката и технологијата, вселената, воената и воено-техничката соработка, културата, образованието. Тоа не е целата листа. Што се однесува до традиционално чувствителните области на нашите меѓусебни односи, како што се воено-техничките врски, можеме да очекуваме напредок и во тоа – додаде амбасадорот Кудашев.

На средбата помеѓу Путин и Моди ќе претходат низа настани, меѓу кои и билатерални средби меѓу министрите за надворешни работи и одбрана на Русија и Индија, како и седница на меѓувладината комисија за воена и воено-техничка соработка.

Посетата на рускиот претседател на Индија, која требаше да се случи минатата година, но беше одложена поради пандемијата, значи враќање на контактите во вообичаениот формат на средби во живо, нагласи амбасадорот.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!