Вие имате прво да ја знаете вистината

Спектакуларна прослава по повод еден век од постоењето на „парфемот бр.5“ на модната компанија Шанел

По повод 100-от роденден на „парфемот бр. 5“, луксузната модна компанија Шанел ја осветли својата експозитура во Париз.

Оваа експозитура беше отворена 2018 година на аголот на улиците Дуфо, Сен Оноре и Камбон. Се наоѓа на само неколку чекори од првата продавница на Шанел, којашто започна со работа далечната 1910 година.

Легендарниот парфем „Но. 5“ е симбол на креативната моќ на оваа компанија. Создаден е од Ернест Бо, за Габриеле Коко Шанел. Податоците говорат дека на секои 30 секунди во светот се продава по едно шише од овој парфем.

Покрај ова, минувачите можеа да ги видат и ѕвездите, кои се додадени бидејќи Габриеле била фасцинирана од Вселената

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!