Вие имате прво да ја знаете вистината

Страшна исповед на поранешната шампионка на УФЦ: Трчала низ хотелот гола и молела за помош!

Поранешната шампионка на УФЦ, Нико Монтано (32) е примена во болница откако наводно била претепана од ММА борецот Џастин Вотсон. Таа на нејзините социјални мрежи објави шокантна исповед во која вели дека Вотсон ја нападнал во хотел во Тексас.

Ме притисна со неговото колено на мојот врат, ме згази по лицето и ме удираше, а потоа ми ја врза косата околу неговата тупаница. Некако успеав да излезам и гола истрчав низ ходникот врескајќи за помош. За среќа некој во хотелот го слушна мојот глас и скокна да помогне. Сега сум во болница во Тексас и се плашам, не знам каде е – напиша Нико Монтано.

https://www.instagram.com/p/CMJCD7OFrsm/?utm_source=ig_web_copy_link

Таа во нападот се здобила со повреди на лицето, но бидејќи не се работи за сериозна повреда, на крајот била пуштена од болница.

По нејзината објавена верзија на приказната, на Инстаграм профилот се појави и обвинетиот Џастин Вотсон.

Во секоја приказна секогаш има две страни, верувајте, Нико и остатокот од светот треба што поскоро да се отрезнат. Немам што да објаснувам. Полицијата беше тука, направи истрага и никој не беше уапсен. Тажно е што таа воопшто отиде во болница, затоа велам дека приказната има две страни, а таа сака таа да биде главната, напиша ММА боксерот.

https://www.instagram.com/p/CLHLywSl15b/?utm_source=ig_web_copy_link

Нико Монтано стана првата шампионка на УФЦ во 2017 година, а нешто подоцна и беше одземена титулата поради неможноста да ослабе. Треба да се напомене и дека таа падна на допинг тест и со тоа беше отпуштена од УФЦ оваа година.

https://www.instagram.com/p/B81pglMF9gU/?utm_source=ig_web_copy_link

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!