Вие имате прво да ја знаете вистината

Студијата направена на 700.000 луѓе ја проверила ефикасноста на вакцината на Модерна, резултатите се многу импресивни

Лекарите од американскиот медицински конзорциум Kaiser Permanente, кој има 39 болници и 700 клиники, рекоа дека вакцината на Модерна, против ковид-19, болест предизвикана од коронавирусот SARS-CoV-2, ефикасно штити од болести, инфекции и смрт од ефектите на Ковид, пренесува Ројтерс.

Докторите на Кајзер дошле до овие заклучоци откако следеле 706 илјади возрасни лица, од кои половината ја примиле вакцината.

Студијата е објавена во The Lancet Regional Health – Americas, но сè уште не е прегледана и потврдена со дополнителни студии, но сепак покажува дека вакцината на Модерна спречува инфекција со коронавирус во 87 отсто од случаите дури и пет месеци по примањето на втората доза. Ковид-19 бил спречен во 96 отсто на случаите и дека смртта како последица на Ковид била спречена во 98 проценти од случаите.

И покрај фактот дека учесниците во студијата страдале од разни хронични болести и припаѓале на различни сексуални, возрасни, расни и етнички групи, ефективноста на вакцината се движела помеѓу 83 и 92 проценти.

Имунологот Е. Џон Вери од Универзитетот во Пенсилванија, кој не учествуваше во студијата, рече дека „не е многу веројатно“ дека омикронската варијанта на коронавирусот може целосно да ја заобиколи заштитата обезбедена од вакцините против Ковид-19 и дека дополнителни дози се веројатно ќе „обезбеди дополнителна заштита од омикрон“.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!