Вие имате прво да ја знаете вистината

Татко ја продал 9 годишната ќерка на старец затоа што гладувале: „Го молев да не ме продава, сакав да одам во училиште“

Парвана и уште неколку малолетни девојчиња биле продадени од нивните татковци за да можат да ги прехранат другите членови на нивните семејства.

Возејќи низ планинскиот премин покриен со снег, младата мајка ги прегрнала своите шест деца на задното седиште во автомобилот по напуштањето на импровизираниот камп во северозападен Авганистан.

Меѓу децата била и деветгодишната Парвана Малик, која хуманитарна група ја спасила да не биде омажена за средовечен маж.

Навистина сум среќна. Хуманитарците ме ослободија, мојот сопруг е стар – изјави Парвана за време на патувањето.

Минатиот месец Си-Ен-Ен објави дека Парвана и уште неколку малолетни девојчиња биле продадени од нивните татковци за да можат да ги прехранат другите членови на нивните семејства.

Таткото на Парвана, Абдул Малик, рече дека таа плачела дење и ноќе, молејќи го да не ја продава, велејќи дека сака да оди на училиште и да учи.

По меѓународните напори, Парвана беше вратена кај нејзините родители.

Непрофитната организација Too Young to Wed (TYTW), со седиште во САД, беа вклучени во преселување на девојчиња, нивните браќа, сестри и мајки во безбедна куќа.

Ова е привремено решение. Она што се обидуваме да го направиме е да спречиме продажба на девојки – изјави Стефани Синклер, основач на TYTW.

Откако земјата беше преземена од талибанците, околу 39 милиони луѓе во земјата се соочуваат со глад, а според неодамнешниот извештај, повеќе од три милиони деца на возраст под пет години страдаат од акутна неухранетост.

Дури и пред талибанците да ја преземат власта, во сиромашната земја владееше глад, а сега младите девојки ја плаќаат цената со своите тела – и нивните животи.

Иако бракот на возраст под 15 години е нелегален низ целата земја, тој вообичаено се практикува со години, особено во руралните делови на Авганистан. И ситуацијата се влоши од август, бидејќи семејствата стануваат сè поочајни.

Жените во Авганистан долги години се третираат како граѓани од втор ред, а откако Талибанците ја презедоа власта, многу од основните права за кои жените се бореа во последните две децении беа одземени. Воведени се ограничувања за образованието на девојчињата, а на жените им е забранет пристапот до одредени работни места.

По четиричасовно патување низ планинските патишта, семејството на Парвана пристигна доцна во ноќта во мал хотел во Херат, третиот по големина град во Авганистан.

Мајката Пајинда и братот Реза Ѓул изјавија за Си-Ен-Ен дека таткото на Парвана ја започнал нејзината продажба против нивната желба.

„Секако дека бев лут, се тепав со него и плачев“, рече Реза Ѓул. – Ни кажа дека нема друга опција.

Си-Ен-Ен ја сними продажбата на малолетна Парвана на 55-годишен маж со седа коса. Нејзиниот татко за возврат добил пари, овци и земја во еквивалент на околу 2.200 долари.

Татко ми ме продаде бидејќи немаме леб, ориз и брашно. Ме продаде на старец – изјави тогаш Парвана за Си-Ен-Ен.

Купувачот Корбан изјави за Си-Ен-Ен дека тоа ќе биде негов втор брак и инсистираше на тоа дека ќе биде љубезен со Парвана.

Мајката на Парвана рече дека нејзината ќерка ја молела да се врати дома кај нејзиното семејство и ѝ биле дозволени неколку посети во нивниот камп.

„Таа рече дека е тепана, дека не сака да остане таму“, рече нејзиниот брат Реза Ѓул.

„Тие се однесуваа лошо со мене, ме пцуеја, ме будеа рано и ме натераа да работам“, додала Парвана.

Откако Си-Ен-Ен објави приказна за Парвана, купувачот бил принуден да се крие. Си-Ен-Ен оттогаш не може да дојде до него.

Во следното интервју за телевизијата, таткото на Парвана рече дека и тој е под критики и сепак се извини.

Околу две недели по нејзината продажба, Парвана беше вратена на нејзиното семејство, но нејзиниот татко сè уште му должи 2.200 долари на купувачот. Приходите ги искористил за отплата на други долгови.

Парвана и нејзините пет браќа и сестри беа преместени во безбедна куќа по две ноќи во хотелот. Во изминатите четири години, семејството живее во шатор во кампот во провинцијата Бадгис.

Се чувствувам многу среќна во оваа куќа. Ми дадоа нов живот – изјави Парвана за Си-Ен-Ен.

Семејството ќе остане во куќата во текот на зимата и ќе биде заштитено од Too Young To Wed, но долгорочниот план за семејството на Парвана сè уште е нејасен и ќе зависи од финансиите на засолништето.

Во исто време, TYTW се обидува да достави храна во кампот Кала-е-Нав, дом на околу 150 луѓе, и да му помогне на таткото на Парвана да го исплати својот долг.

„Среќни сме што Парвана беше спасена“, рече нејзиниот татко пред неговото семејство да си замине.

„Среќни сме што TYTW ќе ни помогне и ќе ни обезбеди место за живеење“, додаде тој.

Семејството на Парвана не е единственото кое минува низ овој пекол, семејствата низ Авганистан се соочуваат со очајни финансиски ситуации.

Еден локален талибански лидер изјави за Си-Ен-Ен дека се обидуваат да стават крај на нелегалната практика на детски бракови.

Детските бракови не се добра работа и ние тоа го осудуваме. Некои се принудени на тоа затоа што се сиромашни – заклучил Мавлави Баз Мохамад Сарвари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!