Вие имате прво да ја знаете вистината

Велика Британија одобри уште еден третман базиран на антитела за лекување на Ковид-19

Велика Британија одобри уште еден третман за лечење базиран на моноклонални антитела за луѓе што се заразени со Ковид-19, што го намалува ризикот од тешка болест.

Се нарекува сотровимаб, а научниците велат дека прелиминарните проверки сугерираат дека треба добро да делува дури и против новите нови видови како што е Омикронот.

Лекот, кој се дава интравенски, се врзува за вирусот за да го спречи да влезе во нашите клетки.

Во едно клиничко испитување, единечна доза го намали ризикот од хоспитализација и смрт за 79 отсто кај возрасните со висок ризик.

Тоа е втор лек од ваков вид, третман со моноклонални антитела, кој е одобрен од британските регулатори.

И сотровимаб и другите одобрени третмани со антитела, ронапрева, се најефективни кога се земаат во раните фази на инфекцијата. Регулаторната агенција за лекови и здравствени производи (МХРА) препорачува тие да се користат во рок од пет дена од почетокот на симптомите.

Ова е уште еден терапевтски лек кој се покажа ефикасен во заштитата на најранливите на Ковид-19 пациенти и претставува уште еден значаен чекор напред во нашата борба против оваа разорна болест, изјави др. Џун Рејн, извршен директор на МХРА.

Хани Браун, извршен директор на добротворната организација за рак Ентони Нолан, изјави дека ова е позитивна вест за пациентите со рак на крвта, за кои знаеме дека имаат помала веројатност да бидат заштитени од вакцината против Ковид-19 отколку општата популација. Особено е важно пациентите да имаат пристап на овој третман веднаш доколку се заразат со вирусот и има јасни упатства за лекарите како да го стават на располагање.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!