Вие имате прво да ја знаете вистината

Владата донесе одлука: Се замрзнуваат цените на основните прехранбени производи до крајот на јануари

Владата на денешната 124-та редовна седница донесе одлука за определување највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо и трговијата на мало.

Владината прес-служба соопшти дека цените ќе бидат на висина од 1 декември 2021, а одлуката ќе важи до 31 јануари 2022, со можност за продолжување доколку тоа и натаму ќе го бара состојбата на пазарот.

Со оваа одлука се определуваат највисоки цени во трговијата на големо и трговијата на мало на основните прехранбени производи: леб; шеќер; брашно – тип 400; сончогледово масло за јадење; трајно млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти; свежо месо и сувомесни производи и сирење и урда. Највисоките цени на производите се утврдуваат на нивото на цените кои се применувале на 1 декември 2021 година, во трговијата на големо и трговијата на мало. Одлуката ќе се применува до 31 јануари 2022 година, со можност за продолжување доколку состојбата на пазарот и понатаму го бара тоа, соопшти владината прес-служба

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!