Вие имате прво да ја знаете вистината

Во Црна Гора идентификуван првиот случај на Омикрон: Пациентот неодамна допатувал од Јоханесбург

Првите случаи на омикрон сојот на корона вирусот во Црна Гора се идентификувани во едно семејство, чиј член неодамна допатувал од Јоханесбург, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Црна Гора (ИЈЗ).

  • Сите контакти се изолирани. Сите членови на семејството се во добра здравствена состојба, со благи симптоми, се вели во соопштението.

Лицето заразено со новиот вид на коронавирус пристигнало во Црна Гора од Јужна Африка на крајот на ноември, а на летот за Франкфурт бил во авион со лице со потврден вирус омикрон, соопшти институтот, додавајќи дека црногорскиот државјанин не бил вакциниран.

Во Црна Гора од последиците на корона вирусот починале вкупно 2.324 лица, а се заразиле 158.283 лица.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!