Вие имате прво да ја знаете вистината

Вонредна состојба во Норвешка: Најмалку 50 луѓе заразени со Омикрон на прослава во ресторан

Официјални лица во Норвешка тврдат дека најмалку 50 луѓе во Осло биле заразени со новиот вид на Ковид-19 вирусот, Омикрон.

Случаите се поврзани со неодамнешната божиќна прослава на една компанија во ресторан во Осло, изјавиле официјалните лица.

Градот Осло преку соопштение наведува дека се очекуваат повеќе случаи на заразеност со новиот вид.

Официјалните лица се обидуваат да ги откријат начините на пренесување на вирусот за време на прославата.

Норвешкиот институт за јавно здравје соопшти дека пациентите живеат во Осло и околните општини.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!