Вие имате прво да ја знаете вистината

Загрижувачки вести доаѓаат од Велика Британија: Повеќето луѓе заразени со Омикрон примиле две дози од вакцината

Повеќе од половина од населението во Велика Британија заразено со новиот вид на Ковид-19, Омикрон примиле две дози вакцина против вирусот.

Агенцијата за јавно здравје и контрола на заразни болести (УКХСА) во петокот објави дека 22 личности заразени со Омикрон биле пријавени во Британија до 30 ноември 2021 година, и дека 12 од тие 22 лица биле вакцинирани со две дози вакцина против Ковид-19.

Две лица се заразиле четири недели по примањето на првата доза од вакцината, шест не биле вакцинирани, а здравствената состојба на двете лица не е позната.

Британските медиуми наведува дека податоците на УКХСА не содржат информации за тоа колку добро вакцините штитат од Омикрон.

Повеќето луѓе инфицирани со Делта видот во Британија, исто така, биле вакцинирани со двете дози од вакцината. Медиумите пишуваат дека тоа е затоа што повеќе од 80 отсто од луѓето постари од 12 години примиле две дози од вакцината против Ковид-19.

УКХСА предупредува дека новиот вид, Омикрон, теоретски, може да го заобиколи имунитетот стекнат со вакцина и природно стекнатиот имунитет, односно за надминување на вирусот. УКХСА исто така предупредува дека Омикрон може да ја намали ефикасноста на терапијата со моноклонални антитела.

Моноклонално антитело е тип на протеин кој е дизајниран да препознава и да се прикачи на специфична структура, како што е протеинот на Ковид-19 односно SARS-CoV-2 вирусот. Моноклоналните антитела најдобро функционираат кога се даваат во раната фаза на инфекција.

УКХСА додаде дека инфекцијата со Омикрон може да се открие со PCR тест.

Научната советодавна група за итни случаи (SAGE) во петокот објави дека Омикронот може полесно да се шири низ воздухот, но дека тоа се прелиминарни индикации направени со малку убедување.

УКХСА вели дека досега се пријавени 29 заразени со Омикрон во Англија.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!