Вие имате прво да ја знаете вистината

Бугарите не можат без Бојко, “дечките од Харвард” кои победија на изборите го предложија за нов министер на полицијата

Се поблиску сме до формирање на коалициска влада. Преговорите за потпишување договор продолжуваат и во текот на викендот, а составот на кабинетот најверојатно ќе биде јасен до крајот на следната недела. Бојко Рашков ќе биде номиниран за министер за внатрешни работи од партијата Продолжуваме со промената.

Преговорите за кабинетот се во завршна фаза, но имињата во него се уште не се прецизирани. Тоа ќе се случи по потпишување на договор. Веројатно секоја партија ќе има вицепремиер. Продолжуваме со промената ќе го предложи Бојко Рашков за нов министер за внатрешни работи, објави Кирил Петков на Еуроком.

„Многу ни се допаѓа. Јас лично сум среќен за работата што ја работи. Го знаеме. Работевме рамо до рамо во првата преодна влада, но тоа не значи дека ќе биде тој задолжително. Тоа ќе се знае по разговорите со партнерите, рече Кирил Петков.

Така, тој ја отфрли верзијата дека претседателката на БСП во оставка Корнелија Нинова може да биде промовирана во вицепремиер и министер за внатрешни работи. Социјалистите, исто така, негираа дека се разговарало за конкретни имиња, но рекоа дека учеството на луѓе од секоја партија во кабинетот ќе ја гарантира стабилноста на владата.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!