Вие имате прво да ја знаете вистината

Германија: Социјалдемократите и либералите дадоа зелено светло за коалициски договор

На вонредниот конгрес во неделата, Либерално-демократската партија (ФДП) го прифати коалицискиот договор со огромно мнозинство од 92 отсто, со што влезе во коалициска влада со Социјалдемократската партија на Германија (СПД) и Зелените.

„Овој конгрес не носи во нов клучен период во историјата на ФДП: либералите ја преземаат одговорноста за земјата во време на криза. Сакаме да ја модернизираме нашата земја и да ја однесеме напред“, рече генералниот секретар на ФДП, Волкер по гласањето на конгресот.

Претходно, претседателот на ФДП, Кристијан Линднер, го пофали начинот на кој се водеа повеќемесечните преговори со СПД и Зелените.

„Самиот начинот на кој се водеа разговорите ми даде надеж дека се можни вистински промени во оваа земја“, рече Линднер, кој се очекува да биде министер за финансии во новата влада.

Обраќајќи им се на членовите на Конгресот, кој се одржуваше виртуелно, тој нагласи дека голем дел од коалицискиот договор носи либерален печат, како што се плановите за индивидуален напредок преку подобро образование, дигитализација на Германија, солидни финансии и стремеж кон промени што ќе доведат до „социјално -еколошка пазарна економија“.

На вонредниот конгрес во саботата СПД со речиси 99 отсто од гласовите го прифати коалицискиот договор и со тоа влезе во владата со либералите и зелените. Партијата на зелените до утре врши анкета на партиската база.

Коалицискиот договор треба да биде потпишан во вторник, а на редовната седница во среда, новиот Бундестаг за нов германски канцелар треба да го избере кандидатот на СПД Олаф Шолц.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!