Вие имате прво да ја знаете вистината

Ѓоковиќ со поддршка за протестите во Србија: Чистиот воздух, водата и храната се клучот за здравјето-без тоа, секој збор за „здравје“ е излишен

Најдобриот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ ги поддржа протестите во Србија против законските измени кои според демонстрантите власта ги прави по мерка на гигантот „Рио Тинто“ и проектот за отворање рудник за литиум во областа Јадар.

Тенисерот на својот профил на социјалните мрежи објави фотографија од масовните демонстрации кои се одржаа вчера.

„Чистиот воздух, водата и храната се клучот за здравјето. Без тоа, секој збор за ‘здравје’ е излишен“, напиша Ѓоковиќ.

Граѓаните на Србија вчера ги блокираа патиштата во повеќе градови откако неколку еколошки организации ги повикаа да го изразат својот протест против Рио Тинто, Законот за експропријација и Законот за референдум и Народна иницијатива.

Протестите беа претежно мирни, освен во Нови Сад, каде што дојде до тепачка во која беа повредени четири лица.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!