Вие имате прво да ја знаете вистината

Големите протести против законите на Вучиќ и Рио Тинто ги поддржа и Новак Ѓоковиќ, власта во Белград на стаклени нозе!?

Српските граѓани ги блокираа патиштата во десетици градови, откако неколку еколошки организации ги повикаа да изразат незадоволство од Рио Тинто и плановите на таа мегакорпорацијата да отвори рудник за литиум со сесрдна поддршка на владејачкиот режим, како и против законите за експропријација, кој Александар Вучиќ се уште не го потпишал, како и веќе потпишаниот Закон за референдум и народна иницијатива.

Масовните протести беа главно мирни или со помали инциденти, а само во Нови Сад дојде до тепачка во која беа повредени четири лица. Протестот траеше околу два часа, а организаторите ги повикаа граѓаните да се соберат повторно следната сабота, доколку Вучиќ го потпише Законот за експропријација. Тој на средбата со локалното население во близина на локацијата кај градот Лозница, каде што треба да се отвори спорниот рудник, ретерираше најавувајќи дека ќе се откаже од контроверзните измени кои требаше да и овозможат на државата да изврши експропријација за потребите на некој проект ако тој биде прогласен за национален интерес.

Овие протести ги поддржа и првиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, кој политички не се појавува често, а овој пат на својот Инстаграм профил објави фотографија од протестот и испрати кратка порака: „Чист воздух, вода и храна се клучевите за здравјето. Без тоа секој збор за здравјето е непотребен“.

После тоа, тој објави уште една фотографија со порака: “Природата е наша мајка. Да поминуваме повеќе време во природа. Со и со неа животот ни е побогат”.

На неговите најави реагираа и бројни граѓани, фанови и други познати личности од српскиот јавен живот. Така, актерот Виктор Савиќ му се заблагодари на Новак преку Инстаграм, како и контроверзниот режисер и активист Борис Малагурски .

Многумина особено ги интересираше пораката на принцот Филип Караѓорѓевиќ, кој напиша: „Не се оди против кралот“.

„Кога ќе видам кој се живее овде, мислам дека сето ова ни се случува со причина“, рече една од најдобрите скијачки во Србија, Невена Игњатовиќ , а протестите беа поддржани од поранешните капитени на фудбалскиот клуб Црвена звезда, Никола Мијаиловиќ и Огњен Короман и поранешен заменик-претседател на фудбалскиот клуб Партизан, Владимир Вулетиќ , извештува Nova.rs .

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!