Вие имате прво да ја знаете вистината

На Ердоган му поставија бомба!? Експлозивната направа пронајдена во последен момент (видео)

Турската полиција деактивираше експлозивна направа пронајдена под полициско возило кое го обезбедуваше собирот на претседателот Реџеп Таип Ердоган во југоисточниот град Сиирт, објавија светските медиуми.

„Обидот за атентат врз животот на претседателот беше спречен од турските разузнавачи во саботата вечерта“, објавија турските медиуми.

Според нив, бомбата била пронајдена само неколку минути пред собирот и била расчистена од полицијата.

Според првичните информации, бомбата морала да биде активирана со далечински управувач. Започна истрага за инцидентот. Од експлозивната направа и автомобилот биле земени отпечатоци.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!