Вие имате прво да ја знаете вистината

Њујорк Тајмс открива скандал на годината: Си-Ен-Ен ја отпушти својата главна ѕвезда поради вмешаност во секс афера

Си-Ен-Ен го отпушти главниот водител Крис Куомо во саботата поради истрагата за неговите напори да му помогне на својот брат, Ендрју М. Куомо, тогашниот гувернер на Њујорк, да се бори против скандалот со сексуално вознемирување.

„Крис Куомо беше суспендиран претходно оваа недела во очекување на понатамошна проценка на новите информации што излегоа на виделина за неговата вмешаност во одбраната на неговиот брат“, се вели во соопштението на Си-Ен-Ен во саботата.

Ангажиравме реномирана адвокатска канцеларија да изврши ревизија и го раскинавме договорот со него и ќе стапи во сила веднаш. Наидовме на нови информации при ревизијата. И покрај раскинувањето на договорот, ќе го истражиме целиот случај до крај – заклучува Си-Ен-Ен во своето соопштение.

За потсетување, една од најголемите ѕвезди на Си-Ен-Ен, Крис Куомо, на почетокот на неделава беше суспендиран на неодредено време, откако се појавија детали за неговата вмешаност во секс скандал поради кој неговиот брат Ендрју Куомо, поранешен гувернер на Њујорк, поднесе оставка. Ова е случај кој по сите параметри може да биде скандал на годината во американските медиуми.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!