Вие имате прво да ја знаете вистината

Ова е шпионскиот авион на НАТО кој ќе предизвикаше судар над Црното Море: Пренасочен и приватен млазен авион кој летал од Сочи за Скопје

Руската агенција за воздушен сообраќај денеска соопшти дека патнички авион кој сообраќал на редовната линија Тел Авив-Москва за влакно избегнал судир со шпионски авион на НАТО кој летал во мисија над Црното Море.

Според руската агенција, шпионскиот авион на НАТО ненадејно се спуштил од голема височина и ја пресекол рутата на летот на рускиот патнички авион Ербас на државната авиокомпанија Аерофлот, кој летал од Тел Авив до Москва со 142 патници и членови на екипажот.

Исто така, поради овој инцидент, авионот на Аерофлот мораше да ја промени висината и насоката на летање. Руската агенција наведува дека екипажот на авионот на НАТО не одговорил на повиците на руските контролори на летот.

Руските медиуми наведуваат дека ербасот на компанијата Аерфолот морал да се спушти за да избегне средба со шпионски авион на НАТО. Се додава и дека пилотите го виделе авионот како доаѓа во нивниот правец. Руските власти наведуваат и дека поради агресивните дејствија на шпионскиот авион на НАТО, правецот на летот морал да го смени приватен млазен авион кој летал од Сочи за Скопје.

Некој би прашал за каков авион се работи. Имајќи предвид дека НАТО веќе подолго време интензивно од воздух го набљудува Крим и целата зона на Црното Море.

Станува збор за авион RC-135W наменет за електронско извидување, кој од средината на октомври годинава интензивно лета над Црното Море, полетувајќи од база на Сицилија.

Засега НАТО не се огласи за овој инцидент, ниту пак го споменува никаде.

RC-135W

RC-135 се електронски извидувачки авиони стари повеќе од 40 години, но моментално се опремени со модерна електроника. Како основа за овој авион бил користен патничкиот авион Боинг 707, кој потоа бил редизајниран за да може да издржи големо количество електронска опрема. Сите авиони со кои располага американската РВ се наоѓаат во базата Офјут во Небраска. Станува збор за бројката од 20 авиони RC-135, кои припаѓаат на 55-от полк.

Toа што ги прави препознатливи овие авиони се големите куќишта на трупот на авионот, во кој е сместена електронска опрема. Монтирани се системи за следење на изворите на електромагнетни емисии во опсег од 240 километри. Средствата за ЕИ се поврзани со два системи, еден за извидување на средства за комуникација и еден за електромагнетни емисии, а тоа пред се се однесува на радарски уреди. Во сите вооружени конфликти и тоа што им претходеше на истите, RC-135V / W се сметани како истурени уши на разузнавачите.

TT податоци:

Цел : авион за електронско извидување

Екипаж : 4+ е потребен број на оператори за одредена задача

Погонска група : Четири турбовентилаторски мотори Прат и Витни TF-33-PW-102

Димензии : должина 46,61 m, распон на крилата 44,42 m, висина 12,93 m, површина на крилата 279,64 m

Тежина : 77565 kg кога е празно, максимално при полетување 152.410 kg

Перформанси : максимална брзина 885 km/h, максимум во височина при летање 10.670 m, времетраење на летот 11 часа, времетраење на летот со едно полнење гориво 20 часа.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!