Вие имате прво да ја знаете вистината

Поплави во Сплит: Пороен дожд го поплави центарот на градот, под вода повеќе патишта

По сончевата сабота во Хрватска, во неделата следеше сосема поинаква слика – облачно и врнежливо време, со снег не само на планините, туку веројатно и во низините, пишува ХРТ во својата прогноза за недела и наредните денови.

Пороен дожд утрово врне на Јадранот, а во текот на денот се очекува обилните врнежи од дожд да продолжат.

Поплавени се многу улици во центарот на Сплит. Како што може да се види на видеото, во центарот на градот се создал мал порој.

Поплавени се и градските улици.

Автоматската метеоролошка станица Сплит-Спинут од полноќ бележи дури 47 литри врнежи, од кои 36 литри од 8.30 до 9.30 часот, јавува денеска Далмација.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!