Вие имате прво да ја знаете вистината

Запленети 1.6 тони кокаин во Мексико: Мексиканската војска пресретнала два брода во Пацификот

Мексиканската војска пресретнала два брода во близина на брегот на земјата со голема пратка кокаин во Пацификот, соопшти синоќа Министерството за морнарица.

При претресот на бродовите биле пронајдени вкупно 1,6 тони кокаин.

Седум мексикански државјани вмешани во шверцот на дрогата се приведени и предадени на обвинителството. Наскоро се очекуваат обвиненија. Според прелиминарните податоци, транспортот на кокаин го организирал еден од мексиканските нарко картели.

На почетокот на февруари, во близина на брегот на северозападниот дел на Синалоа, војската заплени брод со повеќе од 2,5 тони метамфетамин и повеќе од 100.000 таблети фентанил. Вкупната вредност на нелегалниот товар на црниот пазар била околу 90 милиони долари.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!