Вие имате прво да ја знаете вистината

Апликацијата на Ѓоковиќ за АТП купот во Сиднеј отвори многу прашања околу неговото учество на Австралија опен

Дали Новак Ѓоковиќ ќе учествува на Австралија опен се уште е неизвесно и прашање на кое речиси никој нема одговор, денеска беше последен ден за пријавување на првиот голем турнир за следната годинам, но не се знае дали српскиот тенисер е пријавен на истиот, но веќе се знае нешто друго.

Новак Ѓоковиќ се најде на списокот на учесници на турнирот во Сиднеј, така-наречениот АТП куп.

Турнирот се одржува од 1 јануари до 9 јануари следната година, Новак е веќе пријавен, но треба да знаеме дека Сиднеј не е во истата австралиска држава како Мелбурн и дека не важат истите правила за вакцинација.

За АТП купот се пријавени и Душан Лајовиќ и Филип Крајиновиќ.

Од друга страна, доколку Новак го откаже учеството во АТП купот, тоа може да значи дека ќе се откаже од Австралија опен. 

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!