Вие имате прво да ја знаете вистината

БиХ ја тресе огромна афера: Уапсен директорот на најголемата фармацевтска компанија

Полицијата во Босна и Херцеговина во понеделникот го уапси директорот на најголемата фармацевтска компанија во земјата, Недим Узуновиќ, кој е под истрага на државното обвинителство под сомнение дека незаконски го приватизирал сараевскиот Босналијек.

Откако Узуновиќ беше однесен во седиштето на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА), Обвинителството на БиХ потврди дека истражува неколку лица кои се осомничени дека извршиле сложена операција за преземање на Босналијек преку синџир на непостоечки фирми регистрирани во офшор оази.“.

Покрената е истрага поради сомнение за сторено дело организиран криминал, злоупотреба на службената положба или овластување и перење пари од во висина од милиони долари.

Обвинителството не го соопшти идентитетот на осомничените и приведените, но локалните медиуми објавија дека првоосомничен во овој случај е Узуновиќ, а останатите осомничени се неговиот татко, сестра и уште најмалку три лица вклучени во целата операција за преземање на Босналијек преку сомнителни руски компании.

Порталот istraga.ba, близок до безбедносните служби, објави копија од кривичната пријава што СИПА претходно ја поднесе против Узуновиќ и за неколку странски државјани. Според обвинението сите тие лица дејствувале како членови на организирана криминална група, тие во 2016 година основале компанија во Чешка која била овластена да ги наплатува побарувањата на Босналијек од продажбата на нивните производи на рускиот пазар.

Парите потоа биле префрлени на сметки во Швајцарија, а потоа на Бермуди, за да завршат на сметките на KBC во Малта. Токму оваа малтешка компанија ја избра за стратешки партнер владата на Федерацијата БиХ, која во 2016 година купи четвртина од сопственичкиот удел во „Босналијек“.

Дополнителни пари од офшор компанијата, Узуновиќ и неговите соработници потрошиле за купување акции во фирма од Коњиќ, регистрирана за туризам, а чијшто мнозински сопственик сега е сестрата на уапсениот директор.

По апсењето на директорот на Босналијек, тие издадоа соопштение во кое се вели дека им се достапни на сите истражни и контролни тела во Босна и Херцеговина, потсетувајќи дека во неколку наврати во последните години ги доставиле сите потребни документи и обезбедиле целосна соработка со властите.

„Босналијек“ е најголемиот производител на лекови во БиХ, работи на три континенти и извезува во повеќе од 20 земји, а има вработено повеќе од 800 работници.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!