Вие имате прво да ја знаете вистината

Членовите на СДСМ ќе имаат одговорност да ја оценат работата на идното партиско раководство, истакна Ковачевски

Кандидатот за претседател на Социјалдемократскиот сојуз, Димитар Ковачевски пред членството на партијата во Општина Карпош ја презентираше својата изборна програма. Ковачевски во следниот период ќе ја претставува својата програма пред раководствата на општинските организации, форумите на жени, членовите на Централниот одбор и пратениците од сите скопски општини, соопштија денеска од СДСМ.

Фокусот на програмата на Ковачевски, како што наведуваат, е врз внатрешното реформирање на партиските процеси коишто би резултирале со поголема инклузивност на членовите на партијата кон директно оценување на работата на раководството и финално до зацврстување на релациите и соработката помеѓу Владата и Локалната власт.

Ковачевски на средбата ја истакна реформата на месните одбори коишто во иднина треба да прераснат во појдовна точка на зголемување на функционалноста на партијата.

Функционирањето на месните одбори комплетно ќе се ревидира при што основите за функционалноста на партијата мора да започнуваат токму од овие локални, но суштински јадра на партијата. Нашите членови ќе мора да нè евалуираат нас раководството и ние да постапуваме, изјави Ковачевски.

Дополнително, информира СДСМ, Ковачевски додаде дека како дел од својата програма предвидува и ревидирање на партиските комисии. Според него, токму комисиите се клучни да се активираат како тела во креирањето и евалуирањето на политиките на партијата. Тој додава дека позицијата на партијата мора да се зацврсти до таква мерка СДСМ да претставува столб во креирањето на политиките на државата.

Димитар Ковачевски ја поднесе својата кандидатура за иден претседател на Социјалдемократскиот сојуз преку својата програма насловена како „Заедно, одговорно и посветено“ којашто се темели на три столба: Социјалдемократска визија, економски раст и фер шасна и јасен систем со одговорности.

На денот на поднесување на својата кандидатура тој истакна дека секој глас од партијата треба да биде слушнат, додека на вчерашната средба, Ковачевски и потврди дека интерните консултации во партијата се потребни на секое ниво – што може да се забележи како силна компонента во програмата на Ковачевски, стои во соопштението

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!