Вие имате прво да ја знаете вистината

Цеца за прв пат ја спомена Јелена Карлеуша за време на новата емисија од Ѕвездите на Гранд, жирито остана шокирано

Балканската пејачка, Светлана Цеца Ражнатовиќ во во талент шоуто Ѕвездите на Гранд, првпат ја спомена Јелена Карлеуша со која со години нема добри односи.

Имено, Цеца по настапот на натпреварувачката Шејла Хајдур прашала дали истата ја пеела песната на Јелена Карлеуша.

Членовите на жирито биле изненадени кога Цеца ја спомнала својата ривалка, а особено се налутил Џорџ, што се гледа по изразот на лицето.

Извини, дали Шејла отпеа песна од Карлеуша ? Тоа е таа – праша Ражнатовиќ, а веднаш одговори менторот на Шејла, Марија Шерифовиќ.

Да, кратко кажа пејачката.

Натпреварувачката Шејла Хујдур доби четири гласа, од кои еден од Ражнатовиќ. Жирито не беше задоволно од нејзиниот настап, а Цеца се присети на настапот на Шејла во првиот круг.

Џорџ беше изненаден од тие зборови. Прво избега, погледна на едната, па на другата страна и се заврте на столот. При понатамошното изложување на Цеца, тој гестикулираше импулсивно.

Да – одговори Марија Шерифовиќ, менторот на Шејла.

Пееше лудило, се сеќавам на неа. Ја отпеа и „Цел свет е мој“, го разнесе студиото, мислам дека си одличена пејачка, не знам што ти се случи сега – изјави Цеца.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!