Вие имате прво да ја знаете вистината

Ципрас упати благодарност до папата Франциск за споменувањето на договорот од Преспа во неговиот говор

Лидерот на Сириза, Алексис Ципрас му се заблагодарил на папата Франциск за споменувањето на Договорот од Преспа за време на говорот во Претседателската палата во Атина кога ја изрази неговата почит за тешкиот пат што доведе до Договорот од Преспа, потпишан помеѓу Грција и Македонија.

Ципрас утрово оствари средба со папата во Амбасадата на Ватикан во Атина, а по средбата  според она што го објави на социјалните мрежи, разговарале за мигрантското прашање, за пандемијата со Ковид-19, но и за Договорот од Преспа.

Му се заблагодарив за неговото споменување на Договорот од Преспа. Ако можевме да придонесеме за мирен соживот и борбата против национализмот што ги дели народите и предизвикува војни и конфликти, бевме на вистинската страна на историјата, напиша Ципрас на својот Фејсбук профил.

https://www.facebook.com/tsiprasalexis/posts/10159884785553054

Паралелно, му се заблагодарил и за неговата сурова искреност во неговите говори и за непоколебливата одбрана на човековите права и социјалната правда.

Имав можност да разговарам со него за лицемерието на владите на ЕУ кон човечката драма на бегалците и мигрантите, каде што зборуваат за човековите права во време додека градат огради и отфрлаат каква било легална миграциска рута. Но и за проширувањето на нееднаквостите, сиромаштијата и социјалната исклученост во целиот свет, за алчноста на развиениот свет кон третиот свет, со одбивањето да се укине патентот за вакцините што ќе овозможи масовна вакцинација на стотици милиони граѓани, истакна Ципрас

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!