Вие имате прво да ја знаете вистината

Досегашниот министер за внатрешни работи Карл Нехамер ја презеде функцијата на австриски канцелар

Претседателот на Австриската народна партија (ÖVP) и поранешен австриски министер за внатрешни работи Карл Нехамер денеска ја презеде функцијата на канцелар во Виена.

Нехамер положи заклетва пред австрискиот претседател Александар ван дер Белен и со тоа стана нов австриски канцелар.

Новиот канцелар ја презеде функцијата по Александар Шаленберг, кој ја извршуваше функцијата од почетокот на октомври, кога поранешниот канцелар Себастијан Курц се повлече од премиерската функција по почетокот на истрагата за корупција.

Шаленберг поднесе оставка минатиот четврток, нагласувајќи дека функциите на канцелар и претседател на најсилната партија во парламентот мора да бидат обединети под една личност.

Неколку часа претходно, Себастијан Курц поднесе оставка како претседател на ОВП и претседател на Клубот на пратениците на народот во парламентот, наведувајќи семејни причини.

Во петокот, претседателството на ОВП го назначи поранешниот министер за внатрешни работи Карл Нехамер за нов претседател на партијата.

Преземањето на премиерската функција во петокот го одобри и помалиот партнер во коалициската влада, Партијата на зелените.

Александар Шаленберг се враќа на поранешната функција министер за надворешни работи, а функцијата министер за внатрешни работи ја презема Герхард Карнер.

Нехамер (49) претходно се истакнуваше како жесток противник на илегалната миграција.

На почетокот на годинава Нехамер нареди протерување на тројца студенти од Грузија и Ерменија, што беше осудено од дел од австриската јавност.

Нехамер ја наведе борбата против исламизацијата како една од главните задачи на Министерството за внатрешни работи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!