Вие имате прво да ја знаете вистината

ДПС ги изгуби изборите во Мојковац: Опозицијата скандираше – Нека се слушни до небото, нема веќе ДПС

Во 20 часот беа затворени гласачките места за локалните избори во Цетиње, Мојковац и Петњица, каде право на глас имаат 26,8 илјади граѓани. Цетиње и Мојковац се упоришта на Демократската партија на социјалистите (ДПС) на Мило Ѓукановиќ, а Петњица е најмладата и меѓу најмалите општини во Црна Гора.

Според https in4s.net, ДПС изгубила на изборите во Мојковац, а дека опозицијата, според неофицијални податоци, победила во тој град.

Над 80 отсто од граѓаните денеска излегоа на гласање во Мојковац, а според неофицијални податоци, in4s.net пренесува дека тоа е голема победа на претходната опозиција во тој град.

Во сите три општини, ДПС победи на последните избори, губејќи ја власта на државно ниво на минатогодишните парламентарни избори.

Изборниот ден во Цетиње и Петњица помина мирно, а помали инциденти имаше во Мојковац.

Во Мојковац за прв пат излезе список на група граѓани наречена „Да не го даваме Мојковац“ блиски до премиерот Здравко Кривокапиќ.

Изборите во три црногорски општини се одржаа без присуство на домашни набљудувачи од невладиниот сектор, бидејќи не добија акредитации.

Штабот на коалицијата „За иднината на Мојковац“ славеше по изборите, а во тој град победа прогласи лидерот на ДФ, Андрија Мандиќ.

– Драги мојковци, слободна Црна Гора, среќна ви е победата. Мојковац има нова, народна власт. Во понеделник ќе почнеме преговори со нашите традиционални коалициски партнери – рече Делиќ, по што следеше скандирање „нека се слуша до небо, нема веќе ДПС“(„nek se čuje do nebesa, nema više DPS-a“).

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!