Вие имате прво да ја знаете вистината

ЕК нема да поднесе предлог за задолжителна вакцинација

На денешниот брифинг за новинари во Европската комисија, портпаролите ја прецизираа изјавата на претседателката Фон дер Лајен за задолжителната вакцинација дадена минатата недела.

За потсетување, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на прес конференција минатата недела изјави дека е добро што се дебатира за задолжителна вакцинација, но како што прецизираат денеска од Европската комисија, здравствената политика е целосно надлежност на земјите членки.

-Комисијата нема препораки до земјите членки, претседателката даде свој став за ситуацијата во Европа, изјави Ерик Мамер, портпарол на Европската комисија, додавајќи дека со оглед на милионите невакцинирани граѓани во ЕУ, оваа дебата е добредојдена.

Но, додаде Мамер, јасно е дека ова е надлежност на земјите членки и Европската Комисија нема да поднесе предлог во оваа насока.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!