Вие имате прво да ја знаете вистината

Eвропската комисија одлучи да и додели 920,4 милиони евра на Ирска: Обештетување за Брегзит

Европската комисија одлучи да и додели 920,4 милиони евра на Ирска како обештетување за Брегзит.

Овие средства доаѓаат од Резервата за прилагодување на Брегзит за земјите членки на ЕУ, Ирска е земјата која е најпогодена и следствено ќе добие и највисоки фондови за да може да се справи со економските последици од напуштањето на Обединетето Кралство на ЕУ.

Еврокомесарката за кохезија и реформи, Елиса Фереира, изјави дека во Ирска луѓето најсилно го почувствуваа Брегзит.

-Резервата за прилагодување на Брегзит постои за солидарност со најпогодените. Не смееме никого да оставиме зад нас. Фондовите што ќе ги добие Ирска ќе придонесат за подобрување на стандардот на живеење, поддршка за економскиот раст на земјата и ублажување на негативните последици во локалните заедници, рече Фереира.

Ирска ќе добие вкупно 361,5 милиони евра во 2021, 276,7 милиони евра во 2022 и 282,2 милиони евра во 2023.

Во наредните недели Европската Комисија ќе одобри средства и за други земји членки на ЕУ.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!