Вие имате прво да ја знаете вистината

Европската Унија одлучи, ќе и даде поддршка на Украина во случај на војна со Русија

Европската унија води дипломатска политика за да спречи влошување на ситуацијата на границата меѓу Русија и Украина и го поддржува Киев во соочување со можна закана, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борељ.

Ги користиме нашите дипломатски можности за да ја убедиме Русија дека (нападот) би било сериозно кршење на меѓународното право, изјави Борељ за италијанскиот весник Република.

Шефот на европската дипломатија смета дека во оваа фаза е важно на Москва да и се „илустрира панорамата на можните последици“.

Украина е дефинитивно партнер и сојузник. Ние ќе бидеме на нејзина страна. САД многу јасно ставија до знаење дека ниту еден руски напад нема да помине без последици. Следната недела ќе се одржи состанок со земјите од источното партнерство, што ќе даде можност да ја нагласиме нашата силна поддршка за Украина. Моите зборови не треба погрешно да се толкуваат. Работиме на избегнување на кризата, но соочени со сите непредвидени околности, Европската унија цврсто ќе ја поддржи Украина – нагласи Борељ.

Киев и западните земји неодамна изразија загриженост поради наводното интензивирање на руските „агресивни дејствија“ во близина на границите на Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Русија ги преместува војниците на своја територија и по сопствена воља. Според него, таа никому не се заканува и никого не треба да загрижува. Москва постојано изразува загриженост поради зголемувањето на силите на НАТО во Европа. Кремљ нагласи дека Русија не претставува закана за никого, но дека нема да игнорира дејствија кои се потенцијално опасни за нејзините интереси.

Односите меѓу Москва и Киев се влошија поради ситуацијата во Донбас. Украинските власти постојано ја обвинуваат Москва за мешање во внатрешните работи на земјата. Во јануари 2015 година, Врховната Рада усвои изјава во која Русија ја нарече „земја агресор“.

Москва ги негира обвинувањата на украинската страна и ги нарекува неприфатливи. Русија постојано нагласува дека не е страна во внатрешниот украински конфликт и дека е заинтересирана Киев да ја надмине политичката и економската криза.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!