Вие имате прво да ја знаете вистината

Францускиот министер за финансии најави: „Европа ќе изгради и лансирачка рампа за вселенски патувања“

Европската вселенска компанија ArianeGroup ќе развие мала лансирачка рампа за повеќекратно користење за да се натпреварува со SpaceX на Илон Маск, изјави во понеделникот францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер.

Лансирачката рампа „мора да биде подготвена за работа во 2026 година“, им рече Ле Мер на новинарите на пат кон Вернон, Нормандија, каде ArianeGroup ги тестира ракетните мотори Ariane.

„За прв пат Европа ќе има лансирачки рампи кои ќе можат да се користат повеќе пати. Со други зборови, ќе го имаме нашиот SpaceX, нашиот Falcon 9 и ќе исправиме лоша стратешка одлука од пред 10 години“, нагласи францускиот министер.

Враќањето на конкурентноста во вселената е една од целите што ги објави францускиот претседател Емануел Макрон во октомври за време на откривањето на инвестицискиот план за Франција 2030 година од 30 милијарди евра, фокусиран на поддршка на индустриските шампиони и иновациите.

Маск, SpaceX, го приземји својот прототип на ракетата Starship за прв пат во мај по четири неуспешни обиди, подготвувајќи се за транспорт на астронаути во иднина и транспорт на голем товар до Месечината и Марс, потсетува Ројтерс.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!