Вие имате прво да ја знаете вистината

Фросина Ременски фрли бомба: Дали конзул со дипломатско возило му помагаше на Сашо Мијалков да избега од Македонија!?

Ние знаеме каде беше Сашо Мијалков во тие 48 часа кога беше во бегство, но не знае пошироката јавност, изјави поранешната потпретседателка на СДСМ, а сега кандидат за нов лидер на партијата, Фросина Ременски во вчерашната емисија Во Центар која се емитува на youtube.

На прашањето или констатацијата на новинарот, дали избегал во Србија или го враќале во Србија, Ременски одговори со “така е”.

Многу интересно вели Ременски на прашањето дали Мијалков избегал со дипломатско возило и додава: Со Кој конзул?

Знаете што е најинетересно, вели Ременски, јас имам многу логики и размислувања и тоа јавно го пишувам, дека овие двигатели на заробената држава или на антисистемот имаат верба единствено во Вилма Русковска. Јас го имам записникот од Јордан Орце Камчев, каде тој вели дека добил добри совети од поранешниот директор на УБК, Горан Николовски, кираџијата на адвокатот на Орце Камчев. Но советот, последен што го добива од Горан Николовски е се што ќе обезбеди како материјал единствено да и го предаде на Вилма Русковска.

Тоа е едниот случај, вели Ременски. Кога избега Мијалков, кога Вилма Русковска не го кажуваше изворот, за кого велеше дека од еден до десет е со 7,5 точност, не кажува кој е изворот, не овозможува полицијата да ја цени веродостојноста на изворот и на информацијата, ја крева узбуната, но има процедура, обвинител не може да биде оперативец и да има извори, може да има полицијата извори и безбедносните служби. Таа го покренува целиот механизам и се попари во еден ден. Сабајле имаше една изјава во Слободен печат, а попладното пред новинарите кога кажа дека Мијалков и се јавил преку трето лице дека единствено сакал да и се предаде неа, веле Ременски.

Ако најголемите двигатели на заробената држава имаат верба исклучиво верба во Вилма Русковска за што ние повеќе правиме муабет, заклучи Фросина Ременски во инртервјуто дадено за вчерашната емисија Во Центар.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!