Вие имате прво да ја знаете вистината

Големи демонстрации во Белгија против новите Ковид-19 мерки: Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера демострантите

Белгиската полиција во неделата употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите во Брисел, откако тие одржаа мирен марш против мерките објавени поради епидемијата на Ковид-19 вирусот.

Илјадници луѓе излегоа на протестот да се спротивстават на мерките објавени во петокот.

Главната група демонстранти веќе се растерала кога околу 100 демонстранти се најдоа пред полицискиот кордон кој го спречи пристапот до зградата на Европската комисија.

Демонстрантите по кусо застанување почнале да фрлаат бакли, ѓубре и други предмети кон полицијата, а бил фрлен и еден велосипед.

Силите на редот потоа интервенираа со употреба на водени топови и солзавец за да ги растераат. Засега нема извештаи за повредени.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!