Вие имате прво да ја знаете вистината

И приватниците ќе мора да се вакцинираат: Њујорк воведува задолжителна вакцинација

Приватните компании во Њујорк во иднина ќе мора да бараат од вработените да се вакцинираат против коронавирусот, изјави денеска градоначалникот Бил де Блазио.

Вакцинацијата ќе биде задолжителна од 27 декември за сите вработени во њујоршкиот приватен сектор – околу 184.000 компании.

– Целта на мерката е да се спречи нагло зголемување на бројот на заразени со коронавирусот за време на празничната сезона и постудените месеци, рече Де Блазио.

Вакцинацијата досега беше задолжителна за вработените во болниците и домовите за стари лица, како и за наставниците, полицајците и пожарникарите. Минатата недела беше најавено воведување задолжителна вакцинација за вработените во приватните и верските училишта.

Градските власти одлучија да воведат задолжителни вакцини за вработените во приватниот сектор, иако федералните судови привремено го блокираа обидот на американскиот претседател Џо Бајден да ја воведе мерката на државно ниво за поголемите компании.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!