Вие имате прво да ја знаете вистината

Кавга за пари меѓу припадници на арапските и неарапските племиња: Најмалку 24 лица се убиени во племенски судири во Судан

Најмалку 24 лица се убиени во племенски судири во Судан, соопшти денеска локална хуманитарна организација.

Судирите избувнаа во провинцијата Западен Дарфур, по кавга за пари меѓу припадници на арапските и неарапските племиња во бегалски камп.

Најмалку 35 лица се повредени кога членовите на арапската милиција го нападнаа кампот вчера, ограбувајќи и палејќи го имотот на противниците.

Кампот се наоѓа источно од главниот град на провинцијата Џенена. Во него се сместени луѓе од африканското племе Масалит, кои беа принудени да ги напуштат своите домови за време на конфликтот во Дарфур.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!