Вие имате прво да ја знаете вистината

Меси откри по што најмногу жали во неговата кариера!

Лионел Меси во понеделникот ја освои својата седма Златна топка во кариерата, а по свечената церемонија, тој во интервју за магазинот France Football кој ја доделува престижната награда, откри зошто жали најмногу во кариерата.

Аргентинскиот ас никогаш не се гледаше себеси како одреден пример за мода или слично, тој се бореше за своите соништа, прво да стане професионален играч, а потоа секоја година да биде се подобар.

Според многу експерти и фанови низ светот, Меси е најдобриот фудбалер на сите времиња, но тој жали за една работа од 2006 година.

Меси ја пропушти прославата по освојувањето на Лигата на шампионите со Барселона во 2006 година бидејќи поради повреда не можеше да игра во финалето против Арсенал каде што издвојуваа победа со резлутат од 2:1.

Жал ми е што не бев таму. Не разбирав што се случува. Во тоа време само размислував да одморам и посакувам да бев барем на клупата таа вечер. Се повредив против Челзи во осминафиналето, учествував на патот кон освојувањето на трофејот и бев разочаран затоа што не можев да играм во финалето. Длабоко жалам за тоа. Ја освоивме Лигата на шампионите и потоа не бев сигурен дека тоа ќе се случи повторно затоа што тоа е натпреварување во кое е тешко да се победи, изјави Меси.

Аргентинецот ја освои Лигата на шампионите со Барселона вкупно четири пати – во 2006, 2009, 2011 и 2015 година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!