Вие имате прво да ја знаете вистината

НАСА: Астероид со големина на три фудбалски игралишта влегува во орбитата на Земјата следната недела

Голем астероид кој американската вселенска агенција НАСА го нарекува како потенцијално опасен ќе помине покрај Земјата во текот на следната недела.

Станува збор за астероидот 4660 Nereus, кој ќе влезе во орбитата на Земјата на 11 декември и ќе биде поблиску до нашата планета од кога било досега. Но, нема причина за паника, изјави Борис Шустов од Институтот за астрономија при Руската академија на науките.

Борис Шустов, Институт за астрономија при Руската академија на науките

Астероидот ќе помине покрај Земјата на оддалеченост од 7,4 милиони километри, така што нема ризик за удар, изјави Шустов.

Неговата големина одговара на големината на три фудбалски игралишта и се приближува до Земјата на секои десет години. Неговите „редовни посети“ го прават идеален кандидат за идни роботски мисии, па дури и за рударство, бидејќи се верува дека е богат со никел, железо и кобалт.

Како дел од напорите за заштита на планетата од катастрофални судири со вселенски објекти. НАСА минатата недела ја лансираше мисијата за тестирање на двоен астероид за пренасочување на правецот на движење – DART. Оваа мисија има за цел намерно да се судри со астероид и да го промени неговиот пат. Судирот се очекува да се случи во септември следната година.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!