Вие имате прво да ја знаете вистината

Нема криза за Саша Поповиќ! Купи нов луксузен автомобил, Мајбах за 300.000 евра (фото)

Саша Поповиќ одлучил парите заработени од продажбата на Гранд продукција да ги вложи исклучиво во луксузни недвижнини, јахти и автомобили. Креативниот директор пред неколку дена купил нов автомобил- Maybach GLS, за кој дал 300 илјади евра!

Поранешниот сопственик на Гранд максимално ужива во заслужената пензија и си ја исполнува секоја желба. Овој пат Поповиќ се почести со луксузна макар на автомобил за која искеширал неверојатни 300 илјади евра!

Саша веќе некое време го посакувал овој автомобил, чиј нов модел достигнува цена од дури еден милион евра. Сепак, тој ја искористи можноста да го посети саемот за половни автомобили што се одржа минатиот викенд и го најде својот нов миленик. Станува збор за Maybach GLS, луксузен и удобен џип за кој Поповиќ не зажалил за парите. Како што пишуваат соседните медиуми, прво му донеле автомобил на тестирање, по што дефинитивно решил да го купи. Се работи за модел од фотографијата, во црвена боја и со бели кожни седишта.

Логично е вакво возило да ги има сите можни функции, луксузна опрема, амбиентално осветлување. Интересно е што сите четири седишта во автомобилот имаат потпирачи за раце, можност за греење и ладење, како и функција за масажа со топли камења! Кожните седишта може да се наместат во лежечка положба, имаат широк потпирач за нозе, а пред задните има два екрани на допир.

Бидејќи автомобилот е доста висок, на влезот, пред вратата има и електрични скали кои го креваат возачот или совозачот за полесно да влезе. А звучниот систем во овој луксузен автомобил не е ништо помалку од одличен, па затоа има 3D сараунд и систем со 26 звучници! Има и простор за разладување на пијалоци со сребрени чаши за шампањ, како и патен компјутер, кожен волан… Автомобилот има и затемнети стакла, гласовни контроли, панорамски покрив, електрични и склопувачки ретровизори, греалки, светлосни сензори и многу други детали.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!