Вие имате прво да ја знаете вистината

Омикрон пристигна во Русија: Новиот вид на корона потврден кај двајца патници од Јужна Африка

Русија денеска ги потврди првите два случаи на инфекција со омикрон варијантата на вирусот корона.

Здравствените власти соопштија дека присуството на оваа варијанта на вирусот е потврдено кај двајца патници од Јужна Африка.

Сите патници кои во последните денови пристигнаа во Русија од Јужна Африка се во карантин.

Патниците позитивни на коронавирус беа хоспитализирани, но властите не кажаа дали тие биле примени во болницата како мерка на претпазливост или поради компликации.

Русија во петокот пријави 32.136 нови случаи на ковид-19 и 1.184 смртни случаи.

Зачленете се и ќе добивате екслузивни вести од нашиот портал!